Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃоковиќ поради проблеми со окото мораше да се предаде

Ѓоковиќ поради проблеми со окото мораше да се предаде

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ го заврши својот настап на ATP турнирот во Дубаи во четвртфиналната рунда, после тоа што беше принуден да го предаде натпреварот против Филисијано Лопез. Српскиот тенисер за време на натпреварот против Шпанецот имаше проблеми со окото, па беше принуден да го предаде натпреварот после изгубениот прв сет со 6:3. Тоа е прв пораз на Ѓоковиќ од завршниот Мастерс во Лондон, кога во групната фаза од тој тунир загуби од Роџер Федерер. Следен противник на Лопез во полуфиналната рунда од овој натпревар ќе биде Маркос Багдатис. Дерби натпреварот во оваа рунда беше одигран помеѓу Ник Кирјос и Томаш Бердих, а Австралијанецот славеше со 6:4, 6:4. Со оваа победа ова е веќе втора победа во две недели на Кирјос над Бердих, тоа повторно без изгубен сет како во Марсеј.