Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃоковиќ по петти пат по ред избран за најдобар спортист на балканот

Ѓоковиќ по петти пат по ред избран за најдобар спортист на балканот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по петти пат по ред е избран за најдобар спортист на Балканот. Ѓоковиќ е избран за најдобар спортист во традицоналниот, 43 по ред, избор на Бугарската национална агенција. Најдобриот тенисер на светот, освојувач на три Грен Слеми во 2015 година освои 90 поени и убедливо триумфираше пред грчкиот гимнастичар Елефтериос Петруниас, шампион во Европа и светот кој освои 45 поени. Ѓоковиќ со ова се изедначи со легендарната бугарска скокачка во височина Стефко Костадинова, која исто така пет години по ред беше избирана за најдобар спортист на балканот.