Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃоковиќ и Федерер во финалето на УС Опен

Ѓоковиќ и Федерер во финалето на УС Опен

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на УС Опен, откако во полуфиналето го победи бранителот на титулата Марин Чилиќ, препуштајќи му само 3 гема (6:0, 6:1, 6:2).

Во второто полуфинале Рожер Федерер беше подобар од сонародникот Станислас Вавринка, совладувајќи го со 3:0 по сетови (6:4, 6:3, 6:1).

Финалната пресметка ќе биде 42-ри меѓусебен дуел помеѓу Ѓоковиќ и Федерер, а моментално подобар е Швајцарецот со 21-20 во сите натпреварувања. На УС Опен до сега се сретнале 5 пати, 3 пати победил Федерер, додека Ѓоковиќ се радувал 2 пати.