Ѓоковиќ го освои Пекинг
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по шести пат го освои АТП турнирот што попладнево заврши во Пекинг. Во финалето Ноле го совлада Рафаел Надал со 2:0 во сетови (6:2, 6:2) задржувајќи го сто процентниот ефект во шесте финалиња во Пекинг.
Со овој триумф Ноле намали на 22:23 во меѓусебните дуели со Надал. Со освоената 56. титула во кариерата, Ѓоковиќ дојде до скор од 68:5 во оваа сезона и дури 23:4 против ривалите од топ 10 на АТП листата.