Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃоковиќ ги тужи властите во Рио де Женеиро

Ѓоковиќ ги тужи властите во Рио де Женеиро

Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ги тужи властите на сојузната држава Рио де Женеиро поради долг, пренесуваат бразилските медиуми. Ѓоковиќ во 2012 година со Густав Кертен одигра ревијален натпревар и според договорот на српскиот тенисер требаше да му бидат исплатени 1,1 милион долари, до сега му било исплатено само 450.000, што значи дека владата во Рио де Женеиро му должи на Ѓоковиќ сума од 650.000 долари. Државниот секретаријат за спорт го потврди долгот кон Ѓоковиќ, а уште во јануари 2014 година, српскиот фудбалер Дејан Петковиќ. кој се прослави во Бразил исто така потврди дека на Ѓоковиќ не му е исплатено ни половина од ветеното.