Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГодинава најмногу приговори за екстерно – Според ДИЦ половина се неосновани

Годинава најмногу приговори за екстерно – Според ДИЦ половина се неосновани

Екстерното тестирање во јунската сесија заврши со вкупно 2 855 приговори, информираат денеска од Државниот испитен центар (ДИЦ). Средношколците најмногу се жалеле на нецелосно процесуирани резултати, недостиг од еден поен за премин во наредна оценка, а најголеми жалби по предмети се поднесени за македонски, математика, информатика и биологија.

Според ДИЦ – половина од приговорите неосновани
-Прифатени се 17,09 отсто, делумно прифатени се 26,34 проценти од приговорите, а повеќе од половина од приговорите се неосновани. Мал дел од приговорите (околу 40) се однесуваат на нецелосно процесирани резултати и тие се уште се разрешуваат во комуникација со училиштата. Прашањата за кои е констатирано дека се проблематични од технички или содржински карактер, а поради кои беа и усвоени дел од приговорите, ќе бидат корегирани или избришани од базата на прашања, информираат од Државниот испитен центар.
srednoskolciСпоред средношколците, екстерното тестирање е исполнето со нерегуларности, нелогичности и технички недостатоци што дополнително го отежнува тестирањето. Од Пленумот досега испратиле низа поплаки, меѓу кои и примери каде прашањата се поставени на албански, а одговорите на македонски, или пак друг пример, каде од можни четири одговори понуден е само еден, а останатите места се празни. Освен Средношколскиот Пленум, за нелогичности во екстерната проверка се пожалија и голем број наставници и родители.

Пленумците велат дека и понатаму се во координација и се подготвени од септември одново да ги потсетат надлежните за нивните барања.

Екстерното тестирање годинава опфати вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници. За оние ученици кои не го поминаа екстерното тестирање во јуни или не биле во можност да полагаат, ќе следува сесија во август.