HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГо врзале и го претепале за 250 денари

Го врзале и го претепале за 250 денари

mvr

Д.Д. околу 19 часот и 30 минути се наоѓал во административна канцеларија сместена на улицата “Браќа Миладиновци” во Битола. Тој го отворил катанецот од влезната врата на објектот, а двете маскирани лица се појавиле од задната страна.

Разбојниците, со засега непознат идентитет, го турнале мажот по скали и удирајќи го, почнале да му бараат пари. Д.Д. им кажал дека кај себе има само 250 денари, а пријавените му ги зеле парите. По ова му ги врзале рацете и устата и започнале да го пребаруваат местото.

Од објектот успеале да украдат и ДВД , златен накит и бижутерија. По ова, двајцата маскирани разбојници побегнале. Случајот бил пријавен во полиција, која извршила увид на местото и трага по сторителите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com