HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГо утнал граничкиот премин со 26 кила марихуана

Го утнал граничкиот премин со 26 кила марихуана

Граничната полиција имаше уште една плодна заплена на марихуана откако во возило на албански државјанин пронашле 26 килограми марихуана. На 1 октомври 2016 година околу 10:30 часот, на граничниот премин Табановце за излез од Република Македонија се пријавил Џ.А.(59) државјанин на Република Албанија.

При вршење на преглед на внатрешноста од возилото под возачкото и совозачкото седиште, царинските службеници се посомневале дека подот има дупло дно. Теписонот од возилото бил залепен за патосот, па откако царинските службеници ги тргнале двете предни седиште и го одлепиле теписонот и изолацијата забележале на подот под двете седишта специјално направени капаци во вид на врати. Кога ги отвориле капаците царинските службеници ги виделе двата специјално направени бункери и од нив извадиле 17 пакетчиња, замотани со кафеава селотеп трака во кои имало опојна дрога –марихуана со вкупна тежина од 26 килограми.

Сторителот и марихуаната беа предадени на инспектори од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, заради превземање на понатамошни предистажни дејстивја.

Од спроведената предистражна постапка, собрани се материјални и вербални докази кои укажуваат дека осомиченото лице марихуаната ја набавил во Албанија, и преку Косово и Македонија истата требало да ја однесе во Бугарија. Таму требало да се сретне со уште едно лице и заедно марихуаната требало да ја носат за Турција. Меѓутоа лицето Џ.А. го погрешил патот и наместо на граничниот премин Деве Баир, се упатил кон граничниот премин Табановце.

Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен истражен судија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com