HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГо посакуваше Сити, но тој денес потпиша договор со Интер

Го посакуваше Сити, но тој денес потпиша договор со Интер

Младиот фудбалер од Романија, Јонут Раду, денес потпиша нов договор со Интер. Еден од најголемите таленти кои моментално настапуваат во италијанската лига, 19-годишниот Јонут Раду, имаше прилика да направи трансфер во Манчестер Сити ова лето, но до тој трансфер не дојде бидејќи управата на Интер не му дозволи да замине.

Овој голман минатата сезона забележа настап за Интер во последното коло од Серија А, а оваа сезона Франк Де Бур истакна дека смета на него кога е иднината на клубот во прашање. Денес и официјално беше официјализирано дека Интер смета на него. „Младиот романски голман кој забележа деби во мај оваа година за Интер, потпиша договор на четири години“, пишува на сајтот на Интер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com