HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГо посакуваа Манчестер Сити и Ливерпул, но тој го одбра Лајпциг

Го посакуваа Манчестер Сити и Ливерпул, но тој го одбра Лајпциг

bundesliga_1_503990020161108161501

Вели дека немал премногу дилеми, но дали го направил вистинскиот избор? Фудбалерот на РБ Лајпциг, Наби Кеита, вели дека имал неколку големи понуди, посебно од Премиер лигата изминатото лето. Манчестер Сити и Ливерпул беа едни меѓу најзаинтересираните за услугите на овој фудбалер, исто како и Саутемптон, но овој 21-годишен креативен везист се одлучи дресот на Салзбург да го замени со дресот на Лајпциг.

Се чини дека направил одличен избор, бидејќи оваа сезона игра фантастично и е еден од најдобрите поединци во тимот кој моментално се наоѓа на првата позиција на табелата во Бундеслигата. „Не сакав веднаш да се впуштам во Лигата на шампионите. Прво сакав да играм во Бундес лигата“, изјави момчето од Гвинеја. Инаку, оваа сезна постигна 3 погодоци и забележа една асистенција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com