Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГо погодил куршум додека работел на нива

Го погодил куршум додека работел на нива

Земјоделец бил ранет од заскитан куршум додека вршел земјоделски работи во неговата нива во гостиварското село Долна Бањица.

Како што соопшти полицијата, во саботата со повреди во пределот на ногата се здобил Ќ. М. (70), кому му била укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово, но поради сериозноста на повредите истиот е пренесен во Ургентен центар Скопје.