Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГо истепале началникот на битолската полиција среде улица

Го истепале началникот на битолската полиција среде улица

Во текот на вчерашниот ден во 14:45 часот во СВР Битола, Началникот на ОКТУПА при СВР-Битола пријавил дека истиот ден околу 14:00 часот додека извршувал службено дејствие на ул.„Ѓорги Сугарев“, го паркирал службеното ПМВ „Цитроен Берлинго“.

Две непознати лица, од кои претходно бил блокиран патот со машина за сечење огревни дрва, ја ослободиле улицата и се упатиле кон службеното ПМВ, но бидејќи не можеле да поминат почнале да викаат и да го навредуваат со погрдни зборови. Едно од лицата со употреба на сила, со раце го удрил во пределот на главата. Подоцна дошол и неговиот татко кој, исто така, со раце го удрил полицискиот службеник во пределот на главата, нанесувајќи му телесни кои се констатирани од страна на доктор од Клиничка болница Битола.

Полициски службеници од ПС-Битола ги лишиле од слобода и задржале во полициска станица лицата А.Ј. (42) и Џ.Ј. (19), двајцата од Битола. Против истите ќе биде поднесена кривична пријава.