Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГо фрли чедото од 4 спрат, па и самата си пресуди

Го фрли чедото од 4 спрат, па и самата си пресуди

Жена на возраст од околу 35 години во Хиподром направи вистинска драма пред полицијата и пожарникарите со закани дека ќе го фрли своето 6 годишно дете од балконот на четвртиот спрат. Службите не успеаа да ја разубедат и таа најпрво го фрлила детето од балконот по што и самата скокнала. За среќа дететото имало ублажен пад и е пренесено во болница со тешки повреди на главата, но засега е во стабилна состојба. Чедоморката го преживеала падот со бројни скршеници на телото по што итната медицинска служба извршила реанимација. Од МВР се очекува да соопштат повеќе детали за мотивот за ова страшно дело.