Friday, Apr 19, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтомГМО храната штетна и за нашето здравје и за планетата Земја

ГМО храната штетна и за нашето здравје и за планетата Земја

ГМО или генетски модифицираната храна предизвика многу контроверзии во јавноста. Постојано слушаме за потребата од ГМО поради зголемувањето на популацијата во светот и поради намалување на залихите на храна. Време е да се покрене вистинска дебата во јавноста за негативните ефекти од генетски модифицираната храна.
EzOTU4YTA
Генетски модифицираните семиња се нарекуваат уште и самоубиствени семиња бидејќи имаат рок на траење, поради што фармерите се принудени постојано да купуваат од компаниите кои ги произведуваат. Ова им овозможува на компаниите да одржуваат монопол врз глобалните залихи на храна.

Велат дека ГМО храната има ист вкус како органската. Но тоа не е вистина, поголемиот дел од консументите можат да ја воочат разликата помеѓу генетски модифицирана и органска намирница. ГМО храната не може да го нахрани светот, туку ќе го наруши диверзитетот и одржливите земјоделски системи. Исто така, ќе ја зголеми зависноста од компаниите кои произведуваат ваква храна.

ГМО храната не добра ниту за нашето здравје, ниту за планетата. Француските научници докажаа дека ваквата храна предизвикува рак, а во други истражувања беше наведено дека предизвикува вродени дефекти. Што се однесува до земјата, ГМО семето негативно влијае бидејќи ги нагризува микроорганизмите и му штети на живиот свет.