Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионGlobus: Во Хрватска живеат 50 до 100 екстремисти

Globus: Во Хрватска живеат 50 до 100 екстремисти

Во Хрватска живеат меѓу 50 и 100 луѓе, кои по своите уверувања, ставови и размислувања, може да се наречат екстремни исламисти, пишува загребски Globus. Главно тие се од Пула, Риека и Загреб.

Повикувајќи се на извори од разузнавачките кругови, се наведува дека никој од нив не е радикализиран и не планира да изврши терористички напад. Сепак, клучните луѓе меѓу нив им се познати на безбедносните служби. Покрај тоа, седум или осум хрватски државјани имаат двојно и сириско државјанство, а безбедносните служби имаат сознанија и за десетина конвертити, воглавно жени кои во контакт со екстремните исламисти одлучиле да преминат во ислам.
Се работи за млади девојки и за жени во триесеттите години, кои веќе зад себе имаат еден брак и бараат нов.

Ставот на безбедносните служби, споредн неделникот, е дека на Хрватска во моментот не и се заканува директен терористички напад, а дека бројот на ризични лица е мал во однос на земјите во окружувањето. Сепак, безбедносниот систем е во состојба на зголемена внимателност, а министерот за внатрешни, Ранко Остојиќ, вели дека тоа е трет степен на подготвеност.

Се наведува дека припадниците на Исламска држава во Хрватска, воглавно млади, се обидуваат да регрутираат преку социјалните мрежи. Се работи за неприлагодени лица со дисфункционални семејства, верски лаици, често девојки на кои ја шират својата пропаганда и кои ги уверуваат во правилноста на светата воја против САД и нивните сојузници. На потенцијалните регрути им се ветува пари и им се шират лажни приказни за вредни недвижности со базени во Сирија, ако им се придружат во исполнувањето на светите цели.

Globus дознава дека безбедносните служби се исклучително задоволни од соработката со Исламската заедница во Хрватска. Хрватските безбедносни служби најмногу внимаваат на границата со БиХ каде според нивните проценки, живеат 4.000 екстремисти. „Босна е земја во која војната не е завршена, туку прекината“, вели изворот за Globus и додава дека состојба дополнително ја комплицираат политичките и етничките односи, како и заостанатото оружје од војната.

извор:Макфакс