Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноГлетка која ги шокирала австралиските рибари (ФОТО)

Глетка која ги шокирала австралиските рибари (ФОТО)

Запрепастените рибари забележали џиновски округол објект на површината за кој не можеле да претпостават што е се додека не се приближиле на неколку метри од него. На крајот сфатиле дека станува збор за мртво тело на кит. Марк Воткинс и неговиот татко ловеле риби на 40 километри оддалеченост од западниот брег на Австрлија кај Перт кога здогледале голема бела топка на површината.

Прво помислиле дека станува збор за некој научен брод или можеби балон кој паднал. Сепак, колку повеќе се доближувале до него им станувало појасно за што всушност станува збор. Тоа било мртво тело на кит на површината на водата.

kit 2

„Кога се доближивме сфативме дека станува збор за мртов кит“, вели Марк, додавајќи дека мртвото дело делува дека може да експлодира во секој момент.