Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГледач на „Сител“ открива дека платил 3.000 во ВМРО-ДПМНЕ за да го вработат

Гледач на „Сител“ открива дека платил 3.000 во ВМРО-ДПМНЕ за да го вработат

Гледач на Сител денеска во етер си призна дека го купил своето работно место за 3 илјади евра и дека сега кога ќе дојде СДСМ на власт нема кој да му ги врати паритe, пишува „Стандард“.

Јас си го купив моето работно место 3000 евра. Работам во Градски сообраќај. 3000 евра како шофер јас го купив, го платив работното место. Како сега кога ќе дојде СДС на власт мене ќе ме избрка. Кој ќе ми ги врати тие 3000 евра пари? Дали ќе се најде сега маж да ми ги врати мене тие 3000 евра“, вели гледачот.