Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГлазгов Ренџерс не престанува со засилувањата нов играч е колумбиецот!

Глазгов Ренџерс не престанува со засилувањата нов играч е колумбиецот!

Во Глазгов веќе се работи на донесување нови фудбалери и зајакнување на тимот за следната сезона, последен на таа листа се најде колумбиецот.

20-годишниот напаѓач, Алфредо Морелос, е новото засилување на Ренџерс, кој потпиша договор со клубот до 2020 година!

 

Морелос сигурно ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот, кој ќе го замени Џо Гарнер кој се пресели во Ипсвич! Брзиот напаѓач пристигнува од Финска, каде што тој играше за Хелсинки.

Во шампионатот на Финска, каде што сезоната е веќе во полн замав, играше 12 натпревари и постигна 11 гола!

Досега во екипата на Ренџерс освен Колумбиецот пристигнаа и Бруно Алвес, Рајан Џек и Фабио Кардосо.