HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГлавоболки за Ливерпул, гигантот го посакува Клоп!

Главоболки за Ливерпул, гигантот го посакува Клоп!

Не е новост, Баерн Минхен и понатаму размислува за доведување на Јурген Клоп. Тие сакаа да го доведат уште кога тој ја водеше Борусија Дортмунд, но тајмингот не се поклопи и Германецот заврши во Ливерпул. Но, извор од германскиот клуб потврди за англиските медиуми дека тој трансфер само се одложил. Карло Анџелоти нема да остане повеќе од две сезони, негова задача е моментален успех, односно освојување на тројната круна.

Но, задачата за создавање на нов тим кога оваа генерација предводена од Лам ќе замине во историјата би требало да му биде дадена на Клоп. Баерн наводно сака да му понуди долгогодишен договор, сметаат дека тој е вистинскиот човек за креирање на екипа и веруваат дека со тоа ќе го убедат сегашниот тренер на Ливерпул. Тој потпиша шестгодишен договор со тимот од Ливерпул, но Баерн се надева дека ќе го добие во 2018 година или една сезона подоцна.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com