HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГлавоболки за Клоп, колку е сериозна повредата на Кутињо?

Главоболки за Клоп, колку е сериозна повредата на Кутињо?

coutinho-1

Ливерпул доживеа голем удар во трката за највисок пласман во Премиер – лигата, откако на мечот против Сандерленд, кој се игра во овие моменти, сериозна повреда заработи Бразилецот Фелипе Кутињо. Тој по еден старт со противнички фудбалер се пожали на болки во десниот скочен зглоб, па мораа да интервенира лекарскиот тим, а од теренот беше изнесен со носилки. На местото на Кутињо во 34.минута во игра влезе Дивок Ориги.

Доколку се покаже дека се работи за скршеница на скочниот зглоб, какви што се стравувањата, тогаш Кутињо би можел да отсуствува најмалку два месеци од терените. Повреден е и Даниел Стариџ, а Садио Мане наскоро ќе замине на Африканскиот куп на нации, па Јурген Клоп го очекуваат големи главоболки при формирањето на нападот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com