Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГлавното решение за мигрантската криза ќе се бара од Брисел

Главното решение за мигрантската криза ќе се бара од Брисел

Македонија и земјите од регионот ќе очекуваат поголема ангажираност од Европската Унија за добивање помош во справувањето со кризата со мигрантите. Грчкиот претседател Прокопис Павлопус побара да се одржи Самите на ЕУ на кој ќе се разговара за наоѓање на решавање на состојбата со мигрантите која веќе има карактер на хуманитарна криза.

migranti gevegelija6

Главната цел на мигрантите е стигнување до земјите од шенген зоната, но со се потешкиот транзит Македонија и Србија може да се соочат со голема група на бегалци заглавени на нивната територија за чија помош и сместување ќе бидат потребни високи финансиски средства. За увид на состојбата на јужната граница денес минстерот за внатрешни Чавков ќе има средба со австирскиот министер за надворешни Себастијан Курц.