Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГлавниот ограбувач на НЛБ доби 9,2 години затвор

Главниот ограбувач на НЛБ доби 9,2 години затвор

купно 20 години казна затвор за обвинетите во грабежот на НЛБ банка. Првообвинетиот во случајот, Бобан Смилевски доби 9 години и 2 месеци затвор за кривичните дела затајување и тешка кражба. На Смилевски исто така му е забрането да го оттуѓува станот од 55 квадрати кој е на негово имe.

Второобвинетиот, Горан Смилевски доби шест и пол години исто така за затајување и тешка кражба. Борис Мичевски, третообвинет во случајот, доби 5 години и 2 месеци додека пак четвртообвинетиот доби условна казна за затајување.

Судот ги задолжи осудените да го вратат целиот износ кој го украле од НЛБ банка. На почетокот на судската постапка против нив, обвинетите го признаа делото, но пред судот не открија каде се парите.

Првообвинетиот Бобан Смилевски изјави дека бил задолжен и дека за тоа му се заканувале, па морал да ја ограби банката.