Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГлавниот град не стивнува – Само утрово се случиле две тешки сообраќајни несреќи

Главниот град не стивнува – Само утрово се случиле две тешки сообраќајни несреќи

Во рок од околу три часа рано наутро, главниот град го потресоа уште две сообраќајни незгоди. Првата се случила во 04.45 наутро на булеварот „Јане Сандански“ кај трговскиот центар „Скопјанка”, кога возачот И. П. (42) изгубил контрола врз својот автомобил „Ауди” со скопски регистерски таблици и се забил во бетонски ѕид. Полициските лица, како и тие од Брза помош морале да го сечат автомобилот за да го извадат повредениот воза.

Другата сообраќајна незгода се случила во 07.50 утрово на „Трета македонски бригада“, во која патничко возило марка „Рено“ удрила велосипедист. Повредениот велосипедист е пренесен со возило на брза помош во Ургентнен центар и е задржен на понатамошно лекување.

Фото: Вечер