Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГлавната расправа за „Маѓар Телеком“ повторно одложена

Главната расправа за „Маѓар Телеком“ повторно одложена

Поради не појавување на сведок, во Кривичниот суд денеска беше одложена главната расправа за случајот „Маѓар Телеком“, јавува „Телма“.

Обвинетите се поранешни раководни лица од „Маѓар Телеком“, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, кои држеа клучни позиции во Македонски Телеком и натаму. Тие шест години се недостапни за органите на прогонот. Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба.

Првото рочиште се одржа во 2011 година и до крајот на 2014 година беа закажани 8 рочишта кои беа одложени зашто обвинетите не беа присутни или не добиле известување за повикани на рочиште.

Случајот „Маѓар Телеком“ финишира во САД, а во Македонија е заглавен во обвинителствата и во судовите. Во Македонија во моментов се водат две постапки за „Маѓар телеком“, кои, иако се почнати поодамна, намерно или не, никако да мрднат од мртва точка. Како што објави Окружниот суд во Њујорк, поранешните директори на „Маѓар Телеком“, Елег Штрауб и Андрас Балог, кои беа обвинети за водење тајни договори со премиер и со други лица од Македонија, за да ја спречат конкуренцијата на телекомуникацискиот пазар, ја признаа вината и платија парични казни од 250.000, односно 150.000 долари.