HomeДЕНЕШНАПолитикаГласачите ќе се бележат со безбоен спреј, а во списокот ќе стои нивна слика

Гласачите ќе се бележат со безбоен спреј, а во списокот ќе стои нивна слика

glasac izbori

На следните парламентарни избори ќе биде воведена промена во начинот на кој ќе се идентификуваат и бележат гласачите со тоа што повеќе нема да се користи фломастер за обележување на нивниот прст, туку ќе се користи безбоен спреј кој ќе биде видлив само под УВ светло. Со новиот принцип, на списокот до името и презимето и останатите податоци за гласачот ќе стои негова слика од лична карта или пасош.

При влегувањето во просторијата во која се гласа, изборната комисија прво ќе го провери гласачот со УВ-ламба, дали претходно гласал, а потоа ќе бидат проверени неговите документи. Со новиот принцип ќе биде вклучена и слика на гласачот со што ќе се олесни процесот на идентификација.

Претходно се водеше дебата во јавноста во врска со обележувањето со боја по рацете и мислењата беа поделени. Според многумина, на тој начин се загрозуваше приватноста на гласачот, бидејќи на тој начин секој можеше да забележи дали одреден човек гласал или не. Во таа насока Уставниот суд, донесе одлука за укинување на овој метод на обележување на гласачите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com