Monday, Oct 16, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаГинекологија доби голема донација со анатомски перници

Гинекологија доби голема донација со анатомски перници

bremenost

Гинеколошката клиника во Скопје благодарение на Стоматолошката комора на Македонија доби значајна донација од сто анатомски специјализирани перници за трудници.

ginekologija

Овој убав гест треба да послужи како пример и на другите комори и организации, затоа што имаат бенефит и им помагаат на новороденчињата и на идните мајки во нашата земја. Годинава Клиниката ќе ја заокружи со бројка од 6.000 породувања, изјави директорката на гинекологија Марија Хаџи Лега.

Средствата во вредност од 200.000 денари собрани на хуманитарниот едукативен симпозиум на тема „Современи стоматолошки методи и техники“, што го организираше Стоматолошката комора на Македонија по повод 20-годишнината од нејзиното постоење.