Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГигс по три децении си заминува од Јунајтед

Гигс по три децении си заминува од Јунајтед

Живата легенда на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, по 29 години најверојатно ќе го напушти клубот.

Раководството на Јунајтед на Велшанецот, кој минатата сезона му беше асистент на Ван Гал, му понудило да го води младинскиот тим, но Гигс ја одбил понудата.

Англиските медиуми шпекулираат дека новиот менаџер Жозе Мурињо нема намера да го прифати Гигс како свој асистент, односно дека во Јунајтед наскоро ќе пристигнат и неговите долгогодишни соработници Руи Фарија и Силвињо Лоура.
Гигс во Манчестер Јунајтед е од 1987 година, со клубот како играч освоил 13 титули во Премиерлигата и две во Лигата на шампионите.