HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГи пропушта Болоња и Емполи: Пандев доби два меча суспензија

Ги пропушта Болоња и Емполи: Пандев доби два меча суспензија

Македонскиот репрезентативец, Горан Пандев е суспендиран за следните два натпревари поради црвениот картон кој го заработи на дуелот со Пескара.

Имено, Пандев кој го носи дресот на Џенова, доби директно исклучување затоа што го опцул главниот судија. Наместо стандарден еден меч, македонскиот фудбалер доби дополнителна казна од уште еден натпревар затоа што како што било потенцирано во дисциплинскиот извештај на натпреварите од Серија „А“, користел навредувачки изрази и се однесувал со непочитување кон судијата Масимилијано Ирати и тоа откако нашиот интернационалец го напуштил полето на игра. Па така Пандев сега ќе го пропушти гостувањето кај Болоња како и средбата со Емполи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com