Saturday, Apr 20, 2024
HomeСТУДЕНТУМГи отворија вратите за мигрантите – Германските универзитети нудат бесплатно образование

Ги отворија вратите за мигрантите – Германските универзитети нудат бесплатно образование

Со цел побрзо и поолеснително вклопување на мигрантите во германското општество, над 60 германски универзитети ќе им овозможат бесплатно студирање на бегалците.

Од почетокот на 2016 година, имигрантите ќе имаат можност да аплицираат за добивање стипендии и тоа не по 4-годишен престој како досега, туку по 15-месечен.
Образовната стега ќе даде поттик за совладување на германскиот јазик, а преку разни програми од страна на студенти-волонтери ќе им се помага на имигрантите при учењето, здобивањето на бесплатен превоз и разни видови на финансиска помош.