Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГевгелиските таксисти „извозени“ – повторно на протести

Гевгелиските таксисти „извозени“ – повторно на протести

Гевгелиските таксисти и приватни превозници повторно ќе го блокираат градот бидејќи се чуствуваат измамено од Координативното тело за справување со бегалската криза. На нив им беше ветено дека ќе добијат повторно право да ги пренесуваат мигрантите кои за тоа ќе платат по најмалку 25 евра од човек, но ангажирани се повеќе возови на Македонски железници со што директно им се нарушува можноста за заработка. taksisti gevgelija migrantiВо Гевгелија има огромно присуство и на специјалната полиција која ги спречува протестите и таксисите се пожалија дека дел од нив биле повредени при блокадата на железничката пруга.