Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГевгелиските таксисти времено го стопираа протестот

Гевгелиските таксисти времено го стопираа протестот

Таксистите и приватните автобуски превозници од општина Гевгелија, го ставија во мирување протестот со кој бараа да бидат вклучени во превозот на мигрантите од Гевгелија кон Табановце и од денеска нема да го блокираат граничниот премин „Богородица“, соопштија утрово од здружението на таксистите.

„Сакаме да дадеме свој придонес во справувањето на безбедносните сили со бегалската криза и затоа одлучивме времено да прекинеме со протестот и да овозможиме службените лица што не обезбедуваа и го регулираа сообраќајот, да бидат ангажирани во обезбедување на границата доколку е потребно“, рече претседателот на гевгелиските таксисти, Миле Ангелов. Тој посочи дека таксистите и приватните автобуски превозници нема да се откажат од барањето да превезуваат мигранти рамномерно со МЖ и дека неговото остварување ќе го бараат институционално.