Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГевгелија ќе блеска во духот на „Смоквијада“

Гевгелија ќе блеска во духот на „Смоквијада“

Денеска во југоистокот на Македонија започнува големиот фестивал „Смоквијада“, во кој натпреварувачи од нашата земја и регионот ќе се натпреваруваат во подготовка на најубавото слатко од зрели смокви.

Организаторите за оваа година најавија гости од Грција, Бугарија и Романија, како и богата културно – уметничка програма, составена од хорот „Распеани гевгеличани“, пеачки групи од Сандански и Банско од Бугарија, Влашко културно уметничко друштво од Грција, КУД „Бојмија“ од Гевгелија и Мишко Крстевски.

Настанот се одржува во организација на граѓанското здружение „Тера“, под покровителство на општина Гевгелија.