HomeАНТИСТРЕСГест на великан, Дел Потро утеши девојче кое е собирач на топки (ВИДЕО)

Гест на великан, Дел Потро утеши девојче кое е собирач на топки (ВИДЕО)

1480346534_hqdefault

Покрај тоа што е еден од јунаците на вчерашниот триумф на Аргентина над Хрватска во Дејвис Купот, Хуан Мартин Дел Потро ги собра симпатиите тешејќи девојче кое собира топки, откако ја погодил силниот „проектил“ на Марин Чилиќ. Дел Потро важи за еден од најфините играчи на тениските терени, а Аргентинецот уште еднаш го потврди тоа за време на вчерашното финале на Дејвис Купот.

Кога во првиот сет, при водство од 3:1, Чилиќ го промаши сервисот, топката се одби и случајно го погоди девојчето кое собираше топки. Видно потресена од силниот удар, девојчето сепак остана мирно и стоечки ја поднесе болката, но Дел Потро одлучи да провери дали е се во ред со неа. Што од болка, што од искажување на симпатии кон аргентинскиот тенисер, девојчето заплака, а Деп Потро побара да биде заменета.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com