Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГерманскиот министер Рот ќе проверува како со бегалците и кризата кај нас

Германскиот министер Рот ќе проверува како со бегалците и кризата кај нас

Германскиот државен министер задолжен за Европа од министерството за надворешни работи ќе присуствува во Македонија со цел одблиску да се запознае со две клучни прашања. Тоа се проблемот со бегалците и нивниот проток на јужната граница со кои подоцна ќе мора и Германија да се соочи, како и актуелната политичка криза и нејзино догледно решавање. Мајкл Рот за време на посетата на Македонија ќе оствари средби со преставници на власта и опозицијата, како и со невладини организации и студенти на УКИМ.