HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиГермански „Шпигел“ ќе отпушти 150 вработени

Германски „Шпигел“ ќе отпушти 150 вработени

Издавачката компанија „Шпигел“, која го издава истоимениот германски магазин, денеска соопшти дека до крајот на 2017 година ќе укине 150 работни места и ќе воведе наплата за пристап до дел од текстовите на интернет изданието.

Целта на овие мерки е компанијата да обезбеди по околу 16 милиони евра заштеда годишно. Според најавите, укинувањето на рабони места ќе се однесува како на редакцијата на магазинот, така и на админстративниот и на издавачкиот оддел на компанијата.

Компанијата во моментов вработува 727 лица, па укинувањето на 150 работни места ќе значи намалување на бројот на вработени за 20 проценти. Покрај ова до следното лето „Шпигел“ ќе почне да печати и свои регионални изданија, ќе ја подобри интернет страница и ќе воведе делумна наплата на онлајн услугите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com