Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика,,Германски и руски романтизам” вечерва на Скопско лето

,,Германски и руски романтизам” вечерва на Скопско лето

 

Пијанистот Волфганг Мајнц вечерва ќе заблеска во Музејот на град Скопје изведувајќи дела на Шуман, Менделсон-Бартолдин и Рахманинов. Концертот ќе започне во 20 часот и 30 минути, со тематски наслов ,,Германски и руски романтизам”

PIJANO 1

Волфганг Мајнц е роден 1960 година, Неговата  богата професионална биографија вклучува  многу престижни награди на меѓународни натпревари по пијано. Има настапувано со познати оркестри и диригенти, особено со британските оркестри како што е оркестарот на англиската комора, Кралската филхармонија и Би-Би- Си симфонискиот оркестар.

.Волфганг Мајнц е посебно познат по пијано-дуетот со неговиот колега Ролф Плаге, кој им носи многу награди и признанија.

Сите љубители на музичката уметност во нејзината најсофистицирана смисла на вечерашниот концерт ќе имаат многу причини за воодушевување