Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиГермански „Билд“ покажа како би изгледале медиумите без фотографии

Германски „Билд“ покажа како би изгледале медиумите без фотографии

По објавувањето на вознемирувачките фотографии од удавеното дете од Сирија, Ајлан Курди, медиумите беа остро нападнати. Уредништвото на германскиот весник Билд решило да одговори на креативен начин. Да му покаже на светот како би изгледале медиумите без фотографии.

Во печат пуштиле број кој немал ниту една фотографија.
Без фотографии, светот би живеел во незнаење, а оние на кои помошта им е најпотребна, би биле уште поневидливи. Многу злосторства би биле заборавени без визуелено потсетување – рекол Џулијан Рајхелт.
bild3Главниот уредник тоа го објаснил со зборовите дека на тој начин се дава омаж на моќта која ја има фотографијата. Исто така, весниците „Билд“ и БЗ почнале и на арапски да пишуваат текстови наменети за бегалците, во кои објавуваат и информации каде можат да се обратат за помош и слично.