HomeДЕНЕШНАСветГерманската влада дала 20 милиони евра за советнички услуги со цел решавање на бегалската криза

Германската влада дала 20 милиони евра за советнички услуги со цел решавање на бегалската криза

izbeglica-zahvalan-nemackoj-s

Глобалната консултантска компанија „Мекинзи“ добила од германската влада повеќе од 20 милиони евра за советнички услуги во решавање на бегалската криза, објави „Шпигл онлајн“. Од самиот почеток на бегалската криза „Мекинзи“ ги советуваше службениците на германската влада во врска со логистичките проблеми околу сместувањето и регистрацијата на бегалците.

За тие услуги „Мекинзи“ денес добиле повеќе од 20 милиони евра. Според овие извори, германската влада се уште ги користи услугите на „Мекинзи“ за решавање на бегалската криза, со тоа што сега повеќе не се занимава со проблематиката околу наваѓање на нивно живеалиште и регистрација туку околу процесот на протерување на оние бегалци кои немаат право да останат во Германија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com