HomeДЕНЕШНАПолитикаГерманската компанија „СТС Текстајлс“ ќе инвестира во Велес

Германската компанија „СТС Текстајлс“ ќе инвестира во Велес

Германската компанија „СТС Текстајл“ (STS Textiles), која што денеска потпишува договор со македонската Влада, планира инвестиција во Велес. Првично е планирано да бидат вработени 50 луѓе, а понатау се очекува бројката да достигне  и до 1.000 нововработени лица.

-1000 семејства кои ќе најдат сигурна егзистенција и место за работа. Ова ќе биде браунфилд инвестиција, односно капацитетите на компанијата ќе бидат сместени во поранешната фабрика Нонча Камишева, или позната како поранешната Свилара во Велес, која како и многу други беше уништена во болната транзиција од која без работа останаа илјадници граѓани. Денес ние успеваме пропаднатите капацитети да претвораме во успешна приказна. Свиларата во Велес ќе биде успешна фабрика во која ќе биде сместена германската STS Textiles која ке извезува производи од индустриски текстил за автомобилската и техничка индустрија во земји како Германија, Полска, Италија и Франција, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот фејсбук профил.

Почетната инвестиција изнесува 4 милиони евра и предвидено е компанијата да започне со работа за една до две недели.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com