Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГерманска политичарка: Германскиот тим загуби затоа што играле фудбалери имигранти

Германска политичарка: Германскиот тим загуби затоа што играле фудбалери имигранти

Потпретседателката на германската националистичка партија „Алтернатива за Германија“ (АФД) предизвика бурни реакции во јавноста откако денеска преку својот профил на социјалната мрежа „Твитер“ индиректно порача дека полуфиналето со Франција на европското првенство во фудбал Германија го загубила затоа што во својот тим имала фудбалери со имигрантско потекло.

„Можеби наредниот пат треба да игра германскиот НАЦИОНАЛЕН ТИМ“, напиша Беатрикс фон Сторч на Твитер по поразот од Франција. Нејзината порака е доживеана како навреда за фудбалерите со имигрантско потекло и предизвика бура од реакции во медиумите и на социјалните мрежи, јавува дописникот на МИА од Берлин.

„Чиста глупост“, е коментарот на Ралф Стегнер еден од водечките социјалдемократски политичари. „Болна губитничка“ и порача на Торч, Армин Лашет од ЦДУ на Меркел.

„Која е таа патетична личност која што не може да биде среќна што сме светски шампиони“ , изјави Омид Нурипур од партијата на „Зелените“.

Сатиричарот Јан Бехерман против кого спор за навреда води турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од јавноста побара „Да се држи заедно и да се игнорира Беатрикс фон Шторк“.

Пред почетокот на европското првенство во Франција друг висок претставник на АФД изјави дека фудбалерот Џером Боатенг е добар фудбалер но дека поради неговото потекло (татко му е од Гана) никој не сака да живее како негов сосед. Членови на АФД и на организацијата ПЕГИДА беа најголеми критичари на маркетинг кампањата во која производителот на чоколадата „Киндер“ ги користеше сликите на дел од фудбалерите кои што се родени надвор од Германија наместо традиционалните ликови на германски деца со руси коси и сини очи.

Според последната анкета на телевизијата РТЛ, популарноста на АФД која дојде до 14 отсто рејтинг на федерално ниво поради острата реторика против политиката на отворени врати за бегалците е во опаѓање.