Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГерманија со јасен став: Нема услови за избори според европски стандарди!

Германија со јасен став: Нема услови за избори според европски стандарди!

Германското МНР во денешната изјава оценува дека во нашата држава не постојат услови за избори според европски тек. Министерството за надворешни работи на Германија ја повика владејачката ВМРО – ДПМНЕ на одговорност, јавува Дојче веле.

„Сојузната Влада ја дели оценката на Европската Комисија во врска со состојбата на подготовките за парламентарни избори во Македонија. Потребни се понатамошни реформски чекори, пред да постои можност за избори според европски стандарди“, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

Според нив одговорноста за донесувањето на потребните заклучоци врз основа на моменталната состојба на изборните подготовки, лежи кај потписниците на спогодбата од Пржино.

„Сојузната Влада ги повикува засегнатите партии да вложат напор, конструктивно и со потребната политичка волја да изнајдат заедничко решение, кое ќе ја придвижи земјата напред, во правец на европската интеграција“, соопшти германското МНР.

Во соопштението се потенцира дека одговорноста пред сѐ е кај владејачката партија.

„Тоа важи, пред сè, за владејачката партија ВМРО. Таа не смее да се огради од сознанието дека изборите ќе ѝ помогнат на земјата единствено ако претходно се создадат предуслови за нивно фер спроведување, согласно европските стандарди. За да се обезбедат еднакви шанси („level playing field“) за сите партии, неопходни се веродостојни избирачки списоци, медиумски реформи, кои сѐ уште не се спроведени, како и разграничување меѓу партијата и државата, кое недостига“, се наведува во изјавата на германското МНР.

Од друга страна, посредникот Питер ван Хауте, во негов стил, преку „предењето“ на твитер мачките посочува дека „избори не се на неговата листа на задачи, но вечерашниот краен рок е негов приоритет.“
петер ван хауте твитер мачки
Развојот на понатамошната политичка ситуација ќе зависи од исходот на настаните кои во голема мера зависат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.