Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГерманија почна да депортира бегалци од Балканот

Германија почна да депортира бегалци од Балканот

Се случи очекуваното, Германија почна да депортира бегалци од Балканот. Денеска се депортирани околу 90 мигранти од Косово и од Албанија, откако им било одбиено барањето за азил во оваа земја, информира приштинскиот сајт Коха.нет.

Британските медиуми објавија слика на деца кои на аеродромот во Минхен, влегуваат во авионот со кој ќе бидат вратени во Приштина и Тирана. Германија ги стави Косово и Албанија, на списокот на „безбедни земји“, што значи дека од нив веќе нема да прима бегалци.