Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГерманија не должи ништо кон НАТО – тврди Меркел

Германија не должи ништо кон НАТО – тврди Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска го демантира тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Германија должи големи суми на пари на НАТО.

Германија за својата одбрана издвојува 1,23 отсто од вкупниот бруто домашен производ, што е помалку од обврската од 2 отсто за сите членки на НАТО.

Меркел изјави дека трошоците за одбрана не се само трошоци за НАТО, туку и за европските допринеси за Африка како и за мисиите на ОН.

„Ниту една членка на НАТО не го дава целиот свој воен буџет на НАТО“ изјави Меркел.

Трамп во саботата на Твитер напиша дека „Германија должи големи суми на пари на НАТО“.

Само пет членки на НАТО за својата војска ги даваат предвидените два отсто од бруто домашниот производ, а тоа се САД, Велика Британија, Естонија, Грција и Полска. САД за војската издвојува повеќе него сите останти членки на сојузот заедно и покриваат повеќе од 22 отсто од вкупниот буџет на НАТО.