Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГерманија: Масовна тепачка меѓу десничарите и азилантите (ВИДЕО)

Германија: Масовна тепачка меѓу десничарите и азилантите (ВИДЕО)

Околу 80 екстремни десничари и 20 азиланти се судриле синоќа на средишниот полоштад во градчето Бауцен во источна Германија. Десничарите ги прогонувале азилантите до хостелот во кој тие биле сместени, каде конфликтот го прекинала полицијата. Ден порано мештанин бил погоден со флаша во влизинана местото каде избил синоќашниот конфликт, а граѓаните ги обвиниле азилантите дека го заземале плоштадот пред најголемиот трговски центар во местото.

Очевидци пренесуваат дека нередите ги започнале демонстрантите, кои на полициското барање да го напуштат плоштадот одговориле со фрлање на флаши и даски. Кога се чинело дека азилантите ќе си заминат, на нив наидела група на десно ориентираните екстремисти. Градоначалникот на Бауцен повикал на смирување на ситуацијата и најавил зголемување на бројот на полициски патроли во тоа подрачје за плоштадот повторно да им биде достапен на граѓаните.

„Од бројните реакции на граѓаните, туристите и сопствениците на локалните бизниси разбирам дека состојбата на плоштадот е доста загрижувачка“, напиша градоначалникот на „Фејсбук“. Во Бауцен и околината постојат четири прифатилишта за азиланти. Ситуацијата во тој дел до Германија е лоша веќе некое време, а била запалена и зграда во која биле сместени азилантите.