Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГерманија го менува законот за силување

Германија го менува законот за силување

Германија денеска расправа за менување на законот за сексуални престапи чиишто нејасни одредби се критикувани од јавноста особено по новогодишните напади во Келн и неколку други градови каде што сексуално беа злоставувани над 1000 жени од страна на имигранти.

Пратениците во Бундестагот денеска ќе гласаат за вметнување на принципот „Не значи не“ во законските одредби со што ќе нема простор силувачите во иднина да тврдат дека жртвите биле согласни на сексуален контакт поради што добиваат ослободителни или полесни пресуди.

-“Реформата на легислативата за сексуални престапи ќе донесе затворање на срамните дупки во законот“, изјави министерот за правда Хајко Маас за Германската новинска агенција, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Според актуелниот закон за сексуалниот напад да биде прогласен за силување жртвата мора да давала физички отпор. Се очекува пратениците да гласаат за предлогот на владата сите видови на отпор кон сексуален напад да бидат основа за третирање на нападот како силување.