Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГерманија: Договорот е важен сигнал за успешна билатерална, но и регионална соработка на Балканот

Германија: Договорот е важен сигнал за успешна билатерална, но и регионална соработка на Балканот

„Денеска Бугарија и поранешната југословенска Република Македонија потпишаа историски договор за добрососедство во Скопје. Го поздравувам многу тоа што по многу години безуспешни преговори, се најде консензуално решение на отворените прашања. Со тоа двете држави испраќаат важен сигнал за успешна билатерална, но и регионална соработка на Балканот и за понатамошната евро-атлантска интеграција на ПЈР Македонија“, порача германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, по повод потпишувањето на Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија.

Во изјавата што ја пренесе германското министерство за надворешни работи, Габриел посебно го нагласува фактот дека потписот на договорот се става помалку од два месеца од стапувањето на функција на новата македонска влада.

– Убеден сум дека новата влада во Скопје ќе продолжи да го спроведува овој вид конструктивна соработка консеквентно со сите соседи. Исто така, ги поздравувам напорите на новата влада, по долгогодишна стагнација, сега конечно да почне со итно потребните реформи за приближување кон ЕУ – вели шефот на германската дипломатија.

Категории: Македонија