Friday, Mar 29, 2024
HomeUncategorizedГерманија: 50 милиони евра казна за говор на омраза и лажни вести

Германија: 50 милиони евра казна за говор на омраза и лажни вести

Германскиот парламент денеска усвои закон кој предвидува казни во износ до 50 милиони евра за говор на омраза и за лажни вести на социјалните мрежи.

Казната ќе им биде изречена на сите сајтови доколку не ја отстранат содржината во која постои говор на омраза или пренеле лажни вести.

Германскиот министер за правда, Хајко Мас изјави дека социјалните мрежи не успеале да ги спречат своите сајтови да пренесуваат „запалив“ начин на гледање на работите и да изнесуваат лажни информации.

Експертите за заштита на човековите права и интернет компаниите наведуваат дека усвојувањето на законот може негативно да влијае на слободата на говорот во Германија.