HomeДЕНЕШНАСветГерманија: Уапсен бегалец со материјал за изработка на бомби

Германија: Уапсен бегалец со материјал за изработка на бомби

germany_police

Германската полиција во градот Улм уапси 20-годишен Сириец, кој планирал да патува во Данска, при што со себе носел материјали за изработка на бомба. Како што јави дописникот на МИА од Берлин, германската полиција се сомнева дека уапсениот сакал да изврши терористички напад во име на Исламската држава (ИД).

Според јавното обвинителство во Штудгарт, осомничениот терорист кој имал статус на бегалец, е поддржувач на џихадистичката фракција „Ахрар ал Шам“. Истрагата утврдила дека тој планирал да изврши терористички напад во Данска, за што набавил материјал за изработка на бомба.

Подолго време живеел во центар за бегалци, а полицијата утврдила дека бил симпатизер на ИД, но нема докази дека бил во контакт со членови на оваа џихадистичка група во Германија или во други земји

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com