HomeГИГА БАЈТГерманија побарала од „Фејсбук“ да ги избрише личните податоци

Германија побарала од „Фејсбук“ да ги избрише личните податоци

Функционерот на регулаторното тело за заштита на податоци побарал од социјалната мрежа „Фејсбук“ да избрише лични податоци, како што се телефонски броеви, добиени од ќерката на фирмата „WhatsApp“. Компанијата „Фејсбук“ пред две години го купи „WhatsApp“ и ова лето најави дека овој глобален сервис за праќање на пораки ќе започне да ги дели телефонските броеви на своите корисници на „Фејсбук“ во рамките на програмата за синхронизација на двете фирми.

Меѓутоа, комесарот за заштита на лични податоци од Хамбург, градот во кој се наоѓа седиштето на „Фејсбук“ во Германија, денес пресуди дека американската компанија не добила вистинско одобрување од корисниците на „WhatsApp“, ниту пак постои правна основа за добивање на тие податоци. „Фејсбук“ чие главно седиште е во Калифорнија повеќе пати добиваше разни забрани во Германија каде постојат строги закони околу приватноста и заштитата на податоците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com