HomeДЕНЕШНАСветГерманија ќе ги намали даноците

Германија ќе ги намали даноците

Добрата економија и дозволува на германската влада да воведе намалување на даночни обврски во висина од околу 6 милијарди евра во текот на 2017 и 2018 година, изјави денеска германска канцеларка Меркел. „Добрата состојба на федералниот буџет има позитивен ефект. Ќе бидеме во можност да воведеме мали даночни олеснувања кои што се во висина од 6 милијарди евра“, изјави Меркел денеска.

Најмоќната европска држава во моментов има најниска стапка на невработеност од обединувањето а последните податоците за нарачките во индустријата покажуваат дека расте побарувачката за германски производи во земјата и во светот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com